1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германските банки против ублажување на критериумите за еврото

Деновиве министерите за финансии на Европската унија во Брисел се договорија за реформа на пактот за стабилност на еврото. Според тој договор меѓутоа, останува границата на дефицит од 3 насто, а нема да биде допрен ниту делот за казненна постапка против земја што ќе го наруши тој принцип.

Германската влада меѓутоа, и натаму притиска процената на тие критериуми да се доснеува врз основа на различни фактори. Финансиските експерти тоа барање скептично го гледаат. И сојузот на германските банки предупредува пред разлабавување на пактот, пред се и поради проширувањето на ЕУ кон исток:

Ако на наредниот самит на ЕУ кон крајот на март биде договорена реформа на пактот за стабилност и растеж, тоа би можело да биде чекор во погрешна насока. Сојузот на германските банки предупредува пред се повеќе исклучоци во проценката на грешниицте. Потпретседателот Ханс Јоахим Масенберг смета:

“Правилата за дефицит во договорот се столб за функционалноста на монетарната унија. Разлабавување би значело загуба на довербата и ќе води кон распад на монетрното заедништво и на еврото“.

Приватните банки не сакаат промена на пактот посебно со поглед кон проширувањето на Унијата кон исток. Со пофлексибилен пакт, тие страхуваат од најлошото кога во иднина ќе дојде до прашањето дали некоја земја кандидат и покрај огромниот дефицит, смее или не да го воведе еврото:

“Никој не и прави услуга на некоја земја која не е зрела за монетарната унија, со великодушно ублажување на критериумите. Политичките обѕири, поради тешките консеквенци се погрешни решенија кога станува збор за ова прашање“.

Сојузот на банките во една анализа констатира дека земјите што влегоа во Унијата според својата стопанска моќ се се уште далеку зад еропскиот простор. Таквот заостанување секако има влијание врз нивото на цените и врз јавните буџети. Стапките на инфлација се повисоки, а државата мора да издвојува повеќе пари за економското преструктуирање. За Ханс Јоахим Масенберг, последиците се јасни:

“Европската економска и монетрана унија поради своето проширување не смее да стане унија на трансфер“.

На листата земји што чекаат влез во зоната на еврото, на врвот се Естонија, Словенија и Литванија. Експертите како проблематична ја оценуваат можноста на Полска, на Словачка, на Чешка и на Унгарија. Нивните пари наспроти еврото не се фиксирани и многу варираат. Ако бидат приклучени кон механизмот 2, еден вид предворје за членство во зоната на еврото, тогаш почнува да отчукува часовникот: овој процес е поврзан со очекување земјата најдоцна по две години да може да го воведе еврото.