1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германскиот јазик се изучува се’ повеќе во Македонија

Германскиот јазик во Македонија го доби статусот на втор најизучуван јазик. Интересот е особено голем кај бизнис заедницата и кај младите.

default

Порано германскиот важеше како јазик на филозофите и поетите и затоа го изучуваа само ретки. Во меѓувреме тој се претвори и во јазик на деловниот свет, на политиката (особено во Европската Унија), а и на музиката. Германскиот јазик се етаблира се’ повеќе и во Македонија. Голема заслуга за таквиот подем има професорката Олга Тројачанец, која во следниот прилог заедно со своите колеги објаснува на што се должи таквиот тренд.