1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Германскиот јазик омилен во Охрид

Во Охрид по англискиот, најпопуларен е германскиот јазик. Така е во државното образование и во приватните училишта за странски јазици. Преку пилот - проект германски учат и деца од прво одделение.

default

На час по германски во Охрид

По задолжителниот и доминатниот англиски неприкосновено на второ место како втор задолжителен странски јазик во образованието од шестто одделение и во средните училишта во Охрид е германскиот. Далеку зад него се францускиот и италијанскиот. Германскиот го изучуваат дури 80 проценти од учениците. Порано германски во Охрид единствено се предаваше и учеше на Факултетот за туризам и угостителство.

„ До 80- те години од минатиот век бројот на германистите во Охрид и околината беше многу мал. На прсти можеа да се избројат дипломираните професори кои работеа во образованието. Сега тоа се смени и ме радува што се повеќе млади германисти од Охрид се на располагање.“ , вели Аница Палацо. Таа меѓу првите се осмели и како дипломиран професор во своето приватно училиште за странски јазици „Палацо “ приматот да му го даде на германскиот.

Deutschunterricht in Mazedonien

Потребни се современи дидактички средства за полесно учење германски јазик

Германски децата во Охрид најчесто почнуваат да учат на возраст од 11 години, една година пред задолжително да започнат да го учат во училиште, вели Васе Битракова – Христова од приватното училиште „Санрајс“. За овој јазик да стекне уште поголема популарност таа предлага Германија да има малку поагресивна стратегија во тој дел и да помогне на повеќе начини:

„ Во последно време се актуелни софтверите. Во нашето училиште ние користиме електронски зраци кои книгите буквално ги оживуваат на табла. Го имаме на англиски, децата го бараат и на германски. Живееме во 21 – век и да не заборавиме ни требаат посовремени средства за работа. Очекуваме помош од германците во понудата на помошни дидактички средства. “

Децата говорниот германски го учат од сателитските канали

Би би било полезно германскиот да се учи од помала возраст, потенцира Бети Филипче од приватното училиште „ Кловер“:

Deutschunterricht in Mazedonien

„ Чудно е ама вистинито. Во нашето училиште за странски јазици доаѓаат деца кои исклучително добро го владеат говорниот германски јазик.Тие го научиле од цртаните филмови и емисии за деца, но тоа е само основа. Ние им нудиме курсеви преку кои ќе научат да читаат и пишуваат и да комнуницираат. “

Првачиња учат германски – интересот е голем

Од оваа есен 25 првачиња од училиштето „Григор Прличев “ се дел од пилот проектот „Училишта партнери на иднината “поддржан од германската влада, Гете институтот и германската амбасада,ни изјави педагогот Офелија Петреска:

„Покрај англискиот учениците го изучуваат и германскиот јазик во една паралелка. Со цел да се исполни барањето на Советот на Европа наставата по странски јазици да започне што е можно порано.Освен тоа сите деца во Европа треба да учат два странски јазици. Со раното изучување им се овозможува на децата да научат подобар изговор, поголемо разбирање при слушањето и трајно интелектуално разбирање. Тоа позитивно влијае и на наставата по мајчин јазик. “Младите го прифаќаат предизвикот да учат и германски . Тоа во иднина ќе им овозможи градење интернационална кариера и комуникација со 119 милиони луѓе ширум светот кој владеат со германскит јазик и култура.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Симе Недевски