1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германскиот Уставен суд пресуди – малолетници не смеат да користат солариум

Уставниот суд во Германија денеска пресуди дека малолетниците не смеат да посетуваат солариуми, поради грижа за здравјето, поддржувајќи го законот што предизвика контроверзи во Германија.

default

Судот ја отфрли жалбата на стуријата и на една 17 годишна девојка, која тврдеше дека и’ се нарушени човековите права

Владата уште во 2009-та година го усвои законот, откако една студија покажа дека луѓето на возраст под 30 години имаат 75 проценти поголеми шанси да се разболат од рак на кожата поради редовното сончање. Судот ги отфрли жалбите на студијата за сончање и на една 17 годишна девојка, која тврдеше дека со законот и’ се нарушени човековите права.

Sexismus in der Werbung

Законот е донесен во 2009-та година, откако е направена загрижувачка студија за појавата на рак на кожата

Во пресудата стои дека законодавството за заштита на малолетниците има за цел да превенира тие да се самоповредуваат.

Германија е една од топ пазарите за вештачко потемнување на кожата, со 3 500 студија и 50 000 солариуми, ако воопшто во таа бројка се вклучени и тие на базените, во фитнес центрите и хотелите.

Во тој сектор работат околу 32 000 луѓе, а главните производители на солариуми се сместени во Германија.

Автор: Александар Методијев / афп

Редактор: Симе Недевски