1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германскиот претседател индиректно изрази респект за Сноуден

Претседателот на Германија Јоахим Гаук, смета дека луѓето кои совесно ги обелоденуваат неправилностите во работењето на државните органи заслужуваат почит.

Германскиот претседател Јоахим Гаук индиректно му оддаде признание на поранешниот службеник во американската тајна служба Едвард Сноуден. Ако институциите на една правна држава се оддалечат од правото и законот тогаш мора да се стори нешто тоа да се обелодени. Оној кој во јавноста ќе ги изнесе неправилностите во работењето, и тоа го стори со совест, тој секако заслужува почитување, рече германскиот претседател Гаук за весникот „Пасауер ноe пресe“.

Гаук исто така се пожали и дека поради шпионската афера на американската служба НСА, чувството на слобода кај германските граѓани се намалило. „Дури и самиот се прашував дали смеам и понатаму да телефонирам и пишувам мејлови, но го правам тоа и понатаму“, изјави Гаук. Германците во својата историја два пати мораа да се соочат со злоупотреба на државната власт, па поради тоа по ова прашање се многу почувствителни од нивните американски пријатели, истакна Јоахим Гаук кој по распаѓањето на поранешната Германска Демократска Република беше задолжен за документацијата и насладството на некогашната Служба за државна безбедност на земјата- Штази.