1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Германскиот претседател ги бојкотира ЗОИ во Сочи

Германскиот претседател Јоахим Гаук нема да отпатува на ЗОИ во рускиот град Сочи. Со тоа, како што јавува магазинот „Шпигел“, Гаук реагира на повредите на човековите права и потиснувањето на опозицијата во Русија.

Германскиот претседател Јоахим гаук нема да присуствува на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Сочи и тоа кабинетот на претседателот веќе и‘ го соопштил на руската влада минатаат недела, пишува магазинот „Шпигел“. Според информации на „Шпигел“, ваквиот потег треба да се сфати како критика на повредите на човековите права и на потиснувањето на опозицијата во Русија.

Гаук од стапувањето на должност во март 2012 година не бил во официјална посета на Русија. Тој досега повеќе пати ги критикуваше дефицитите на правната држава во Русија и пречките за работење на критички настроени медиуми.

Во јуни 2012 година беше предвидена средба на Гаук со рускиот претседател Путин, но таа беше откажана од германска страна, наводно поради проблеми со термините.

Германскиот претседател, кој присуствуваше на Олимписките игри во Лондон, има намера да ги пречека во Минхен германските спортисти кои ќе учествиваат на Олимпијадата во Сочи и тоа по нивното враќање во Германија, на 24 февруари.