1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германскиот извоз првпат преку еден билион евра

Германскиот извоз во 2011-та година првпат ја надмина границата од илјада милијарди евра. Рекордна вредност постигнал и увозот.

За традиционално силната германска извозна економија, 2011. беше рекордна година. Во изминатите 365 денови германското стопанство извезло производи и услуги во вредност од 1.006 милијарди евра, со што за првпат во историјата е надмината границата од 1 билион евра. Ова денеска го соопшти германската служба за статистика во Визбаден.

Во споредба со претходната 2010. година извозот забележал раст од 11, 3 проценти.

Вредноста на производите и услугите увезени во Германија минатата година пак изнесувал 902 милијарди евра , што истотака е рекордна вредност со која се надмина границата од 2008. година која изнесувала 805, 8 милијарди евра. Растот на извозот во 2011. во споредба со 2010. година изнесувал 13, 2 проценти

„Германската економија - конкурентна и покрај кризата“

Со тоа Германија ја заврши 2011 година со трговски суфицит од 158,1 милијарда евра. Минатата година тој суфицит изнесуваше 154,9 милијарди евра.

Германскиот министер за стопанство Филип Реслер истакна дека германското стопанство останува високо конкурентно и покрај економската криза во светот.

Најголем дел од германскиот извоз во минатата година бил во земјите-членки на Европската Унија. Таму биле испорачани производи и услуги во вредност од 627, милијарди евра. Со тоа според статистичките податоци е забележан раст од 9,9 насто во споредба со 2010. година. Наспроти тоа Германија од земјите од Унијата увезла стоки и услуги во вредност од 572, 6 милијарди евра, што е плус од 13,8 проценти во споредба со 2010.

Извозот на Германија во трети земји надвор од ЕУ истотака забележал раст во спредба со 2010. година за 13,6 проценти и изнесувал вкупно 432,8 милијарди евра. Извозот од трети земји истотака пораснал и тоа за 12 проценти на вредност од 329,4 милијарди евра.

Автор:СН/БГ/дпа/дапд

Редактор: Борис Георгиевски