1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Германскиот екс-претседател мора на суд

Германскиот поранешен претседател Кристијан Вулф ќе треба да одговара пред суд, објавија повеќе медиуми. Се работи за стекнување противправна корист од околу 800 евра и овозможување противправна корист на други лица.

Покраинскиот суд од Хановер на 14 страници ги известува адвокатите на поранешниот германски претседател за одлуката, јавија повеќе онлајн изданија на весниците. Државното обвинителство од Хановер во април го обвини Кристијан Вулф поради поткупливост, а филмскиот продуцент Давид Греневалд за поткуп. Судот сега отвора постапка само поради стекнување противправна корист за себе и овозможување противправна корист на други лица.

David Groenewold Filmunternehmer Archivbild 2010

Давид Греневалд, филмски режисер поврзан со аферата

Греневалд во 2008 година презел дел од трошоците за престој на брачниот пар Вулф на манифестацијата Октобер фест во Минхен. Вулф, кој тогаш беше покраински премиер во Долна Саксонија, тврди дека не го знаел тоа. Според државното обвинителство, Греневалд сакал со тоа да го мотивира Вулф да се ангажира за собирање пари за неговите филмски проекти. Вулф тоа и го направил неколку недели подоцна.

Обвинувањата и квалификациите на делата против Вулф и Греневалд во текот на истрагата сѐ повеќе се намалуваа. Крајно, сега се работи за околу 800 евра. Вулф и Гереневалд ја одбија понудата за вонсудско порамнување, односно за прекин на постапката со плаќање парична казна.

Обвинителството во февруари 2012 година достави барање за одземање на имунитетот на Вулф, кој тогаш беше на функцијата германски претседател. Тоа беше причина Вулф да си поднесе оставка и да се повлече од должноста.