1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Германскиот Бундесвер останува на Косово

Сите фракции на Бундестагот со исклучок на партијата на Левите, дадоа зелено светло за предлогот на кабинетот и продолжување на мандатот на Бундесверот на Косово за една година.

default

Само мултилатералното решение го води Косово на вистинскиот пат - смета министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг

"КФОР и натаму е потребен на Косово. А на КФОР му е потребно германското учество!“ Вака Гернот Ерлер, државен министер во германското МНР прв пред пратениците го образложи предлогот на владата за продолжувањето на мандатот на 2.200 припадници на Бундесверот до средината на наредната година на Косово.Тој се осврна на ситуацијата на Косово и предлогот за статусот на Ахрисари околу кој токму сега се кршат копјата.Поради спротивставувањето на Русија на повидок не е скоро решение.

"Едно редуцирање на трупите или промена на мандатот во оваа деликатна фаза на преговорите околу Резолуцијата во Њу Јорк, ќе биде погрешен сигнал и може негативно да се одрази врз политичките процеси на Косово и врз стабилноста на целиот регион. Важно е да се сигнализира континуитет во приството на меѓународните сили” - истакна Ерлер.

Според либералот Рајнер Штинер недозволиво е сега да дојде до промена на мандатот. Тој меѓутоа потсети на црното сценарио. Самопрогласување на независност и едностани признавања на Косово. Во тој случај според него задачите на Бундесверот ќе бидат нејасни, безбедноста на војниците загрозена, поради што од владата побара јасна изјава дека Германија еднострано и безусловно нема да ја признае независноста на Косово!

Дефицитите кои ги создава нерешеното статусно прашање на Косово пред пратениците ги образложи Рупрехт Поленц од ЦДУ.Тој потсети дека ангажманот на Бундесверот, но и на фактот дека српската страна во никој случај нема да прифати независонст на Косово. Приштина пак нема да се согласи со ништо помалку од тоа. Поддржувајќи ја Србија Русија практично оддржува една статус кво ситуација Поленца од говорницата кажа дека на руските “пријатели” треба да им се укаже дека не може во недолглед да ја оддржуваат ваквата состојба.Идеални решенија нема, вели тој подвлекувајќи дека сега јасно Бундестагот треба да каже дека патот кон промената на статусот на Косово, мора да води преку Советот за безбедност!

За потребното присуство на Бундесверот и КФОР на Косово збор имаше и министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг. Тој го подвлече значењето на преговорите меѓу Белград и Приштина. Потсети на аспирациите на Србија да стане дел од Партнеството за мир и ЕУ.Според него потребно е мултилатерално , заедничко решение зашто сите останати водат во еден погрешен и лош развој на Косово!