1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германскиот бисер Зилт

Најголемиот германски остров во Северното Море, Зилт, е една од најомилените туристички дестинации во Германија. Уште од 60-те години во Зилт се среќаваат богатите и познатите, но во последно време и младите сурфери.

default

На островот Зилт годишно доаѓаат околу 800.000 посетители

На патувањето низ најубавата земја во светот Михаел Виге оди во посета на северниот врв на Германија. Со товарниот воз за автомобили тој патува до најголемиот германски остров во Северното Море, Зилт. Вкупно околу 800.000 посетители, со речиси седум милиони ноќевања, доаѓаат годишно на туристичкиот остров. Кај туристите особено се омилени местата Вестерланд и Кампен.

Богатите се среќаваат во местото Кемпен

Gunter Sachs und Brigitte Bardot

Гинтер Закс и Брижит Бардо често доаѓаа на Зилт

Зилт веќе со децении е познат по тоа што, особено во местото Кампен, се среќаваат богатите, убавите и познатите. Затоа и не зачудува фактот дека куповната цена на некои куќи на островот Зилт изнесува повеќе милиони евра. Михаел Виге прашува неколку минувачи поради кого или што островот Зилт во 60-те години стана омилена дестинација на познатите лица?

„Поради Ролинг стоунс“, вели една жена. Друга жена, пак, вели: „Поради Роми Шнајдер“, а еден минувач смета островот станал популарен поради Курт Јиргенс.

Точно е дека сите тие доаѓаа на Зилт. Но, најпознати од познатите беа џет-сет легендата Гунтер Закс и неговата сопруга Брижит Бардо. Во 60-те години тие беа во центарот на популарните лица на Зилт. Тоа беше одамна. Изгледот на Зилт се промени. Нови трендови ги заменуваат старите.

Обожавателите на забавни спортови се се‘ побројни

BDT Kitesurf World Cup

На Зилт се одржува светскиот куп во кајтсурфање

Во меѓувреме на островот секоја година се среќаваат обожавателите на забавни спортови, како сурферите, а таму се одржува и светскиот куп во кајтсурфање. Репортерот Михаел Виге прашува еден од сурферите, зошто доаѓа на сурфање на Зилт, а не одат на Хаваи.

„Како прво поради тоа што потекнувам од северна Германија. Како второ, Зилт многу ми се допаѓа. А како второ, кога сум на Хаваи морам да го делам бранот со 300 луѓе. Тука сум сам и бранот е само мој“, објаснува сурферот.

За подобро да ги разбере бројните сурфери, Михаел Виге оди на тренинг кај инструкторот за кајтсурфање Бенјамин Ротмунд, или накратко Бени. Тој се надева дека наскоро самиот ќе може да лета над морето со даска за сурфање и змеј. Но, претходно тој мора да ги совлада вежбите на песок, што му ги покажува инструкторот. Виге го прашува инструкторот Бени, колку далеку и колку високо може да се лета при кајтсурфањето.

„Може да се лета до 200 метри во далечина, до височина соодветна на пет ката. Но, само ако ветерот е поволен“, одговара инструкторот Бени.

Но, Михаел Виге најпрво нема да се придржува до ова мерило, оти при првите обиди важна е техниката и силата. По неговиот прв неуспешен обид тие се враќаат во автомобилот на училиштето за кајтсурфање. Инструкторите по кајтсурфање имаат повеќе обврски. Во нивните секојдневни обврски спаѓаат организацијата, планирањето и одржувањето на опремата.

Различни животни стилови на Зилт

Deutschland Nordsee Haus mit Reetdach auf Sylt

Куќите на Зилт чинат и по неколку милиони евра

Животниот стил на Бенјамин Ротмунд е поинаков од оној на богатите луѓе на островот Зилт. Виге го прашува како се вклопува во таа средина.

„Немам никакви тешкотии. Ни‘ се воодушевуваат, а на плажите заедно се забавуваме на водата. Постарите луѓе доаѓаат на кајтсурфање и со порше. Зошто да не?“, вели Бени.

По успешните подготовки Виге конечно ги применува своето основно знаење. Неговиот прв ученик е изгледа понадарен од него. Хајнер Клајст го посетува училиштето за кајтсурфање на Зилт: „Многу ме фасцинира склопот од ветер и вода. Фасцинантна е силата која го движи падобранецот, и која ве крева над водата.“

По кајтсурфањето, тие на плажата уживаат во способностите на другите сурфери.

За разновидноста на Зилт може да се каже дека има четири од вкупно пет ѕвездички. Добро е тоа што покрај богатите и убавите, во меѓувреме на островот има место и за спорт и забава. Во поглед на сончевото време, на Зилт му доделуваме пет ѕвездички, поради тоа што островот со над 1.500 сончеви часа годишно, или 4,4 часа сончево време дневно, е високо над просекот во Германија. Но, исто така кога станува збор за опасностите, на островот му доделуваме само три ѕвезди, оти видовите на забавни спортови, како што е кајтсурфањето, со себе носат и ризици.

Автор: Михаел Виге / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Александра Трајковска