1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Германска помош за Јужна Азија

Германската влада својата хуманитарна помош ја насочува главно кон најпогодените земји – Шри Ланка и Индонезија. Заменикот шеф на кризниот штаб Клаус Шариот вчера во Берлин изјави дека во индонезиската провинција Аче ќе биде изградена болница на Бундесверот, а друг тим за теничка помош е на пат кон Аче каде што ќе обезбедува вода за пиење.

И натаму се откриваат жртви под урнатините

И натаму се откриваат жртви под урнатините

Шариот ги отфрли обвинувањата дека помошта главно е концентрирана во туристичките подрачја. Бројот на исчезантите Германци и натаму се проценува на “јасно над илјада“.

Нови информации од кризниот штаб за бројките на исчезантите Германци Шариот не соопшти:

“Бројот на идентификувани мртви е 60, 46 во Тајланд и 14 во Шри Ланка, а кај исчезнатите, како што реков и порано, тој е јасно над илјада“.

Со оваа информација тој ги оспори медиумските извешати според кои преку 3 илјади Германци се исчезнати. Тој број произлегува од повеќе извори за исти луѓе, а освен многумина исчезанти веќе се јавија. Сепак, за многумина исчезанти има мали надежи, изајви државниот секетар Шариот. За идентификацијата на загинатите која е екстремно тешка, министерството за внатрешни работи во кризниот регион испрати дополнителни 12 експерти и сега таму вкупно работат 44. Евакуацијата на повредените, според Шариот, тече успешно:

“Авионот болница на Бундесверот повторно ќе врати повредени, а ги замоливме лекарите да ги посетат болниците во околината на Пукет за да видат дали има таму некој тешко повреден Германец, што се покажа оправдано и успешно“.

Хуманитарната помош на Сојузната влада се концентрира и натму врз најтешко погодените подрачја во Шри Ланка и Индонезија, таму пак, во регионот Аче на островот Суматра. Таму Бундесверот ќе монтира болница, додека техничката помош веќе е таму и ја монтира опремата за прочистување вода. На пат кон провинцијата Аче е и пловечката клиника на Бундсверот, бродот болница “Берлин“.

Бундсеверот има намера да испрати и единица за брзи медицински интервенции која е веќе подготвена. Таа во 40 шатори практично ќе монтира болница. Ќе замине кон Индонезија деновиве и ќе биде стационирана на место ќе го избере нивната претходница. Конкретна претстава за тоа што ги очекува, нема ниту еден од 120-те војници. Заменикот командант на единицата Хармут Зиберц вели:

“Оваа претходница е во Аче и ги очекуваме нејзините резултати. Ние сме подготвени и за најтешки околности“.

Со себе ќе носат 350 тони материјал. Шефот на компанијата Јуди Зијад ќе ја води оваа “Мисија Аче“:

“Најважно е секако да го стационираме овој центар за спасување. Во него ќе имаме амбуланта, итна помош, оперативна група со можност за 20 операции дневно, 20 кревети за нега, интензивен оддел, лабораторија за да можеме да правиме тестови со оглед на можностите од проширување на тропски болести, и секако сопствена апотека“.

Хирурзите ќе можат во исто време да оперираат давјца пациенти, а екипата има и 4 мобилни тимови за прва помош на пациентите. Хартмут Зиберц вели:

“Со оглед на големиот број жртви, ова можеби наликува на капка во океан, но јас не би го нарекол така. Ова е мошне квалитетна помош што можеме да им ја понудиме на луѓето таму“.

За нивната мисија 120-те медицинари разбраа во минатата среда. Штефани Швен од Хамбург вели:

“Скоро сите бевме на одмор, кога добивме повик дека треба да се вратиме во касарната и дека ќе патуваме во Азија. Во првиот момент не беше пријатно, патем, ова ќе ми биоде прва акција и природно е да сум возбудена“.

Патува и Свен Борг кој очекува најлошо:

“Теоретски не можам да си претставам што ќе се случи. Мислам дека кога ќе бидеме таму најнапред ќе доживееме шок од она што вистина се случило и колку е сето тоа уништено“.