1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Германска помош за нов лик на Галичица

Планината Галичица распослана меѓу Охридското и Преспанското Езеро од 1958 година е прогласена за национален парк. Германската КФВ банка со грант од 1,5 милиони евра учествува во создавањето на новиот лик на паркот.

default

Од Преспанското езеро (на фотографијата) преку пешачки и велосипедски патеки на Галичица ќе се стигнува до Охридското езеро

Германската КФВ банка по неколку годишно скенирање на севкупниот природен и туристички потенцијал на Националниот парк „Галичица “ реши да помогне во создавањето нова лице на паркот за тој да фати чекор со националните паркови во Европа“, изјави за Дојче веле првиот човек на паркот Зоран Ангелоски:

„Главната цел на проектот е изработка на 10 годишниот план за управување со паркот. Во април годинава своевидната „бела книга “ на паркот ќе биде подготвена.Ќе следи препрогласувањето на паркот поради новото исцртување на неговите граници , како што тоа го бараат македонските закони.Во крајна фаза е и прoсторниот план за паркот.“

Оваа пролет ќе стартува градбата на нови планински патеки по меѓународни стандарди :

„Ќе почнеме со изградба на пешачки и велосипедски патеки со вкупна должина од околу 300 километри со што ќе се создадат одлични услови за развојот на планинскиот велосипедизам и планинскиот туризам“, додава Ангелоски.

Германски грант за идна самостојност на паркот Галичица

Германскиот грант опфажа зафати во цели три години и мерки со кои им се помага на вработените во паркот за самостоен одржлив развој:

„За три години добиваме 1 530 000 евра Дел од овие пари ќе бидат инвестирани во зафати преку кои ќе се создадат услови паркот да може во иднина да обезбедува инвестиции надвор од шумарството.На пример од туризам , паркинзи и друго “

Deutschland Wirtschaft Banken KFW Geld für Lehman Brothers

Седиштето на германската банка КфВ која со грант го поддржува новиот проект на Галичица

Констанце Шаф е консултант од Хамбург.Tаа по трет пат е во Охрид и среќна е што развојот на Националниот парк оди во позитивна насока:

„ Со стартот на овој проект се забележуваат нашите заложби националниот парк Галичица да добие повисок степен на модерен национален парк и да биде прв во Македонија со исполнети меѓународни стандарди “, вели Шаф .

Пролетта е најидеалното време за градба:

„Изградени се голем број патеки, се изградија повеќе видиковци , а се пoдготвуваме за изградба на информативен центар на Преспанска страна во селото Стење, а во месноста Дервен кај Трпејца ќе се гради ренџерска куќа која што ќе служи како информативна точка на тој дел од паркот.„ни открива директорот на на Националниот парк „Галичица “.Зоран Ангелоски .

Галичица привлечна за планински туризам и трагачите по возбуди

Домашните и се повеќе странски туристи уживаат во природните убавини на Галичица. Лани се одржаа планински трки со велосипед и Светски куп во параглајдерство:

„Охрид е многу познат не само на Балканот туку и во Европа, и во Германија многу луѓе знаат за него . Но она што недостасува е рекламата за националниот парк како природна и туристичка атракција. Би требало македонската влада да е горда што наскоро ќе го има првиот национален парк по интернационални стандарди .Така придобивките ќе ги имаат сите , а пред се населението кое живее во неговите граници “, смета Шаф.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Симе Недевски