1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Германска поддршка за македонскиот развој

Oптимизам за поголеми инвестиции во Македонија носат малите и средните германски препријатија, кои иако страмежливо го испитуваат теренот, размислуваат за поголеми вложувања во аграрот и туризмот.

default

Земјоделството и туризмот се две стопански гранки кои се интересни за актуелните и потенцијалните германските инвеститори. Дирк Стратман, застапник на фирмата „Џон Деер“ за земјоделски машини вели дека германската фирма, по сорботката со Хрватска и Србија, од 2004 година соработува и со Македонија. Соработката не се одвива само со министерството за земјоделство, туку и со официјалнииот македонски партнер. Германската „Џон Деер“ по долгата соработка со „Пелагонија“, по транзицијата и приватизацијата бизнисот го продолжи со „Симпекс“ од Битола.


„Стратегијата на нашата куќа е покривање на просторот од државата со наши застапници, но екслкузивно работиме со еден партнер од доверба. Сега се концентрираме да ги придобиеме потенцијалните клиенти. Тоа значи дека работиме да ги освоиме муштериите кои сакаат да купат земјоделски машини или да добијат сервисни услуги. Македонија е мала земја, но со различни региони. Некаде има лозја, на друго место жито, на трето овошки. Барањата се различни и се обидуваме да одговориме на сите предизвици“, објаснува Дирк Стратман, забележувајќи дека германската фирма не нуди само обични трактори, туку се` повеќе и висока технологија.

Туризмот вечна тема

Ohrid See in Mazedonien mit Badegästen

Македонскиот туризам интересен за германските инвеститори


Инго Беец, пак, од Академијата за стопанство и долгодишен прв човек на Друштвото на стопански конзули од Берлин и Бранденбург, потврдува дека не е лесно да се доведат инвеститорите во Македонија. Ова зависи од многу околности, почнувајќи од светската финансиска криза, преку несигурната политичка клима, до амбиентот од правна природа. Сепак, Беец смета дека има простор за вложувања.


„Во македонскиот туризам секако дека се исплати да се инвестира. Ова се потврди во подалечното и поблиското минато. Мислам пред се’ за инвестирање во рајот за туристите, Охридското Езеро. Ние сме подготвени со еден германски инвеститор да делуваме во оваа насока. Од средината на идната година во вон сезоната (мај и септември) ќе организизираме патување на околу 60 лица во Охрид. Во тек се преговорите со еден хотел и прецизирање на деталите. Станува збор за повозрасни луѓе, пензионери кои имаат време и интерес за културата и длабок џеб, кои се подготвени да вложат пари во Македонија“, објаснува Инго Беец дополнувајќи дека треба да се чекори по ваквиот пат и да се наогаат натамошни мултипликатори. Како прво да се разбуди туристичкиот сектор, а потоа да се раздвижат придружните активности кои носат дополнителни средства, нагласува Беец, според кого во иднина се планира изградба на клиника за одмор и рехабилитација во близината на Охрид. Битно е работите да се туркаат чекор по чекор, зашто туризморт е релевантен сектор за инвестирање во Македонија, нагласува Беец.


Дирк Стратман, пак, е оптимист дека во иднина ќе има вложувања и во македонскиот аграр.


„Јас лично верувам дека карваните на инвестоторите ќе пристигнат во Македонија и со заинтересираните земјоделци ќе започнат нови активности - со свеж капитал и експертиза. Ваквиот развој го имаше во многу земји и мислам ќе биде забрзан и во Македонија, кога земјата ќе стане членка на ЕУ. Тогаш ќе има заеднички пазар и многу прашалници и нејаснотии кои ги има денес - ќе бидат разрешени“, констатира Дирк Стратман за Дојче Веле.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Трајче Тосев