1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Германска поддршка за високото образование на Албанците во Македонија

Германија насочува помош за високото образование на Албанците во Македонија. Се врши обука на професори и студенти во Германија, се доделуваат стипендии, се заминува на практична истражувачка работа во концерните.

default

Државниот универзитет во Тетово

Владата на Германија преку својата амбасада во Скопје, Конференцијата на ректорите на германските универзитети и самите тие високошколски институции, во рамки на соработката со сите универзитети во Македонија, го помагаат интензивно и виското образование на Албанците во земјата преку државниот Универзитет во Тетово. Важноста на оваа поддршка е дотолку поголема кога се имаат предвид и неговите новоотворени факултети и студиски програми, дисперзирани во Гостивар, Скопје, Струга и Куманово.

Соработка од 2005 година

Uni Hamburg belegt Spitzenplatz bei privater Förderung

Германските универзитет како пример

Ректорот на оваа високошколска институција Агрон Река вели: „Државниот универзитет во Тетово имаше целосна поддршка од меѓународната заедница, како и од меѓународните фондации, кои дејствуваат во Македонија. Тука треба да се нагласи поддршката на земјите од Европската унија, особено од Германија, Австрија, Франција и Италија, преку донации за лаборатории, книги, опрема за градската болница, за компјутери и друго.“

Проректорот за меѓународна академска соработка Башким Зибери се осврнува на почетокот на соработката со германските универзитети: „Соработката со германските универзитети започна во 2005 година и резултира со соработка со техничкиот универзитет во Штутгарт, со тренинзи на професори и асистенти во Германија, со летни училишта и слично.“

Tetovo, Mazedonien

Младите во Тетово

Тој дополнува: „Овој државен универзитет е во соработка и со неколку други тамошни универзитети; со техничкиот универзитет во Штутгарт, но овојпат и во доменот на градежништвото и архитектурата, со универзитетот во Хохенхајм, со институтот за модификација на површини од Лајпциг ... Овој институт ни подари опрема вредна 200 илјади евра за изведување научна и и истражувачка дејност.“

„Германските образовни модели – терк за развојот на државниот Универзитет во Тетово’

Ректорот Река укажува на значењето на досегашната помош од Владата и универзитетите на Германија на планот на обуката на професорите, стипендирањата на студентите, кои во значителен број случаи имале можности еден или два

South East European Universtät Tetovo, Mazedonien

На факултет во Тетово

семестра од своето образование да завршат, студирајќи на тамошните вискошколски институции.

Проректорот Зибери ги заокружува своите искажувања: „Државниот универзитет е подготвен за продолжување и проширување на соработката со германските вискошколски институции. Во оваа насока се реализирани средби за отпочнување соработка со медицинскиот факултет на универзитетот во Манхајм, потоа со универзитетот во Јена, како и во Минхен.“

Вредноста на сета помош од Германија за овој универзитет во Тетово и за неговите 12 илјади студенти, заклучуваат во Ректорската управа, се „практично, немерливи, со вредност која е непроценлива.“ Со целосно германско финансирање неколку десеттици студенти во последниве неколку години ги имаа продолжено нивните научно-истражувачки активности во текот на една студиска година во дел од големите индустриски концерни.

Стотиците илјади евра дадени од германска страна само за едукацијата на студентите од овој тетовски универзитет се сума, која станува многукратно поголема, кога ќе се има фактот дека тие студенти по своето враќање на матичниот универзитет сите свои новоздобиени знаења и искуства ќе им ги пренесат на многу други колеги, станувајќи потоа за одреден временски период и магистри, или доктори на науки. Поради ова, велат некои од раководителите на државниот Универзитет во Тетово, „токму германските образовни модели се теркот според кој се концепира неговиот натамошен развој.“

Автор: Свето Тоевски

Редактор: Александра Трајковска