1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Германска поддршка за Алжир

Германскиот канцелар Герхард Шредер денеска го повика раководството на Алжир на засилени реформи

На средбата со претседателот Абделазиз Бутефлика во главниот град Алжир, Шредер вети германска поддршка за северно-африканската земја на патот кон поголемо владеење на правото, повеќе демократија и пазарно стопанство.

Слично како и на претходната постојка во либискиот главен град Триполи, германскиот канцелар Герхард Шредер се заложи за потесно поврзување на Алжир со ЕУ. Ратификацијата на договорот за асоцијација ќе донесе нови странски инвестиции во земјата, што е овозможено и со најновите стопански реформи на алжирската влада, посочи Шредер.

Барањето на домаќините за отпишување на долговите, гостинот од Берлин го отфрли како неосновано, бидејќи станува замја со големи залихи на нафта и соодветно на тоа и со доволно големи приходи. Тие пак според Шредер треба да помогнат и во аморитизирањето на можните социјални проблеми при процесот на трансформација на земјата.

Посетата на германскиот канцелар на Алжир треба да биде знак дека не само Франција како поранешна колонијална сила, туку и другиот дел на светот им одава признание на напорите на алжирското раководство за повторна интеграција во меѓународната заедница по цела деценија необјавена граѓанска војна во оваа северно африканска земја.

И овде секако стануваше збор за бизнис како и во Либија. Алжирската влада има намера во наредните години да инвестира во патни и железнички сообраќајници, во изградба на стамбени објекти и нови фирми. Во инвестирањето и изведбата треба да учествуваат и германски фирми.