1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германска опера во Ирак

Тоа беше двојна премиера: на викендот во северноирачкиот град Сулејманија првпат беше прикажано Моцартовото „Грабнувањето од сарајот“, што воедно беше и прва опера што досега е изведена таму.

default

Келнската опера во Ирак

Ансамблот на операта од Келн имаше храброст да отиде на турнеја во регион кој се‘ уште важи за воен и во Палатата на уметноста Телари Хонер да го претстави Моцарт. Уште поинтересно е што операта на Моцарт зборува за културниот конфликт меѓу Ориентот и Западот, па во хуманистички дух повикува на мирен соживот.

Пресметан ризик

До неодамна регионот во кој 90 проценти од населението го сочинуваат Курди, сепак важеше за мирен, се‘ додека не го заплисна бранот протести кои се шират низ арапскиот свет. Во неодамнешните демонстрации во Сулејманија животот го загуби едно лице. Директорот на Келнската опера Уве Лауфенберг вели:

Wolfgang Amadeus Mozart

Моцарт пред ирачката публика

„Се разбира дека го имавме тоа во предвид, бевме во постојан контакт со конзулатот во Ербил. Но, тоа што се случи повеќе бил некој вид несреќен случај. Таксистот кој не‘ возеше ни ја покажа улицата каде тоа се случило, тоа воопшто не било на местото на одржувањето на демонстрациите. Освен тоа, овде не е како во останатите арапски земји, каде се дискутира што е дозволено, а што забрането и дали воопшто некој сака уметност. Овде не се расправа воопшто за тоа. Сфативме дека ваков културен настан може да придонесе за мировните настојувања во земјата. Во крајна линија тоа и е задачата на театарот и на операта“.

Круна на повеќегодишна соработка

Оваа авантура не беше организирана случајно. Келнската опера гостуваше на покана на потпретседателот на Патриотската унија на

Die Entführung aus dem Serail Salzburger Festspiele

Вака изгледа „Грабнувањето од сарајот“ на сцената во Салцбург

Курдистан, Мула Бактијар, кој „Грабнувањето од сарајот“ го доживеал во живо на ноемвриската премиера во Келн. И неговиот престој и присуството на премиерата во Келн исто така не беа случајни. Имено, тој веќе пет години работи на изградба на културен мост меѓу Германија и Ирак.

Напорите на луѓето од Келнската опера и нивните курдски соработници се исплатеа. Премиерата во саботата доживеа огромен успех, се‘ одеше како подмачкано. Курдската публика во преполнетата сала доживеа „културен шок“. Дури и некои сцени на карикирани исламски клишеа гледани од западен агол беа проследени со смеа. На крајот, ансамблот беше испратен со неверојатни овации и аплауз. Тоа беше публика со големо срце.

Автор: Регине Милер/Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска