1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германска ноќна мора – ПИЗА

Коментар на Силке Бартлик

Германскиот образовен систем мора неопходно да биде реформиран. Тоа го потврдуваат и резултатите од најновата Пиза-студија. ПИЗА е името што го користи ОЕЦД и стана шифра за неопходноста од реформи на образованието во Германија. Со тоа може да се објасни зошто е толку голема возбудата во земјата од резултатите на оваа меѓународна споредба на постигањата на 15-годишните ученици. Зашто постигањата на германската младина се просечни како и политичките напори земјата да се преструктуира за предизвиците на 21 век. Германија страда од продолжено висока невработеност, од празни јавни каси и досега не разви соодветен концепт што ќе гарантира експониран став за глобалните пазари. Сега очите се насочени кон хуманитарниот капитал, зашто во целата земја образованието важи како ресурс за националната економија. На свој начин студијата ПИЗА испитува истовремено и со колкави способности располагаат младите на крајот од задолжителното школување без кои немаат шанса за професионален и општествен живот – техники на културата како читање, пишување и математика, како и со секундарни способности што ќе ги комбинираат со првите. Германскиот образовен систем има надпросечна потреба од реформи и тоа го знае секој кој дневно се соочува со наставниците, учениците или родителите чии деца се школуваат. Без размислување мора да постои согласност дека оваа реформа мора да добие врвна предност зашто засилувањето на образованието е од важност за Германија и нејзиното стопанство. Зашто индивидуалното развивање на погодените ученици притоа игра посебна улога, како и суштинската дефиниција на поимот образование. Тој факт е виновен што во одделни сојузни покраини од објавувањето на првата ПИЗА студија во 2000-та, образованието беше реформирано некоординирано и во различни насоки. Притоа, волшебниот збор гласеше – достигања. Воопшто не е случајно што сепак кај гимназијалците таа моќ е поголема и благодарение на тоа германските ученици овојпат постигнаа подобри резултати. Вистински проблематичните групи се децата од социјално посиромашни домови или од семејствата на мигрантите, но дали во напорот за брзи успеси тие не беа загубени од вид? Зашто, за да има успех и кај нив, мора да се подобри претшколското образование во градинките, потоа мора да се обезбеди повеќе персонал во училиштата, појасни методи за учење, поголемо вклучување на родителите во институциите на училиштата и конечно, наставници кои ќе располагаат со неопходните квалификации што ги бара времето. Во најуспешните земји според студијата како Данска, Канада, Финска и Шведска, учениците вкупно постигнаа добри резултати. Таму е можно потпирање врз квалитетот на секое поеднично училиште. Меѓусебната конкуренција и одност на младите кон поимите како успех или достигање се токму според потребите. Со други зборови: постигањата на учениците се добри, зашто за тие земји школското образование е важно и вредно. Тоа произлегува од оваа студија ПИЗА и тоа во Германија допрва мора да биде разбрано. Можно е подоцна да уследи и засилување на Германија на економски план.

Силке Бартлик