1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германска иницијатива за помош на грчкото стопанство

Државата и економијата и нудат на Атина германско искуство и помош во администрацијата. Подоцна би можеле да се влеат и инвестиции, најави германскиот министер за економија во Берлин.

default

Само една недела по европскиот вонреден самит, министерот за економија Филип Реслер вчера организираше инвеститорска конференција за Грција. За конкретни инвестиции на Германија во Грција меѓутоа не стана збор. Претставниците на најголемите германски економски здруженија во прва линија ги формулираа барањата до оваа јужно-европска земја, како место за инвестиции, изјави министерот по средбата. Реслер подвлече дека германските економски здруженија понудиле помош во многу сектори, од основање на средно претпријатие па се’ до пополнување на барањата за требувања од ЕУ. Сојузот за надворешна трговија има намера и да испрати сопствен персонал во Грција, за да го зајакне тамошниот извоз.

Investionsgipfel Investitions-Gipfel Rösler Berlin Wirtschaftskrise Krise

Министерот за економија Фипип Реслер

Занаетчиството пак има намера да испрати пензионирани германски занаетчии, кои би вршеле стручна обука во Грција.

Реслер исто така планира да испрати соработници од министерството, кои имаат искуство во областа „доверители“, од приватизацијата на некогашните државни фирми во поранешната ГДР. Намера, која во Берлин веднаш наиде на критика кај Партијата на Левицата, бидејќи стравува дека германската економија сака да извлече профит од кризата во Грција.

На прашањето, дали Грција посакува германска помош, Реслер изјави дека во вторникот разговарал со неговиот грчки колега Михалис Крисохоидос и по конференцијата повторно ќе стапи во контакт со него. „Ние даваме понуди, и имам впечаток дека овие понуди радо се прифатени.“

Како стопански гранки, во кои се можни германски инвестиции во иднина министерот ги наведе телекомуникациите, инфраструктурата, обновливите енергии, комуналната хигиена и здравствениот сектор. Финансирањето би требало да се одвива преку приватни банки, европската инвестициона банка и државната германска КаЕфВе банка, која уште сега финансира проекти во Грција во висина од 10 милиони евра.

Griechenland bekommt Kredite für 3,5 Prozent Zinsen NO FLASH

Сојузот на германската индустрија по средбата со министерот за економија соопшти дека ваквата иницијатива има смисол, но истовремено подвлече дека приватните инвестиции мора да се раководат од своите интереси. Пожелна е помош од државата во правните процедури и заштита на инвестициите. Воздржаност искажа и Сојузот на германските производители на машини и потројки. „Финансирање на проекти во Грција во моментов е неверојатно тешко“, изјави вицепретседателот на овој Сојуз, Аксел Бартен за агенцијата Ројтерс.

Министерот за економија планира кон средината на август да ја посети Атина со помала, а подоцна и со поголема економска делегација. Проблемите во Грција најмногу може да се споредат со оние на источно европските земји во трансформација. Затоа министерот на средбата го покани и полскиот амбасадор во Берлин, кој информираше за успешното преструктуирање на неговата земја.

Автор: Бернд Греслер/ Александра Трајковска

Редактор: Симе Недевски