1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германска инвестиција во Жабени

Во македонската влада денеска е потпишан договор за инвестирање со германската компанија „Кромберг и Шуберт“. Во третиот квартал од наредната година треба да почне производството во фабриката во Жабени, битолско.

default

Договорот е потпишан во Скопје

Во фабриката во Жабени, која ќе изработува кабелски инсталации за автомобилски марки во Европа, како што се „Фолксваген“, „БМВ“, „Ауди“ и „Мерцедес“, прво треба да бидат вработени 400 лица, број што во првите пет години ќе достигне до 2.000. Договорот во Владата денеска го потпишаа министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак и претставниците на германската компанија „Кромберг и Шуберт“, Волфганг Тупи и Сами Загуани.

За германската компанија одлучувачко да инвестира во Македонија била квалитетната работна сила и конкурентските услови, рече Тупи: „Најважно прашање за секоја инвестиција е обучена работна сила која е на располагање и ова беше најрелевантно.“

Vertragschließung in Skopje

За германската компанија одлучувачко да инвестира во Македонија била квалитетната работна сила и конкурентските услови

Според македонскиот премиер Груевски, најважно од оваа инвестиција и она што радува се новите работни места:

„Директно и индиректно се очекува отворање значителен број нови работни места што е од огромно значење за Битола и целиот Пелагониски регион и претставува значаен чекор во решавање на тешкиот предизвик на недоволната вработеност кај граѓаните во овој дел од државата. За мене како премиер на државата нема подобар момент од вакви моменти кога се отвораат нови работни места“, рече Груевски.

Покрај отворањето на работните места, истакна Груевски, позитивно од реализацијата на оваа инвестиција е и подобрувањето на трговскиот биланс за 20 милиони евра, како и зголемување на брутодомашниот производ.

„Кромберг и Шуберт“ има над 20 фабрики во светот, со 25.000 вработени. Главен пазар е Европа, но присутна е и во Северна и Јужна Америка и Африка. Фирмата развива и произведува високо технолошки производи, како кабли, кабловски инсталации, пластична технологија и мехатроника.

Автор: ЕМФ/миа

Редактор: Ж. Ацеска