1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Германска влада – ЕУ

*

Германската влада денеска го одобри новиот реформски договор на Европската унија. Договорено е канцеларката Ангела Меркел на 13 декември во Лисабон да го потпише документот од името на Германија. Потоа, во текот на идната година, тој треба да биде ратификуван од страна на Бундестагот и Бундесратот. Овој договор треба да го замени неуспешниот устав на Европската унија. Со него се предвидува обнова на институциите на Унијата.