1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германската средна класа се намалува

Средната класа во едно општество е како ’рбет на државата. Тоа го има кажано и грчкиот филозоф Аристотел. Едно истражување во Германија покажа дека земјата рапидно ги губи членовите од оваа класа.

Во Германија 58 проценти од населението припаѓа на средната класа. Во 1997 година таа изнесуваше 65 проценти од населението. До ваквиот резултат дојде една актуелна студија на Универзитетот Бремен и Германскиот институт за економски истражувања по барање на Фондацијата Бертелсман. Потешкотија при истражувањето била комплексноста на оваа општествена група, бидејќи во средната класа можат да припаѓаат и архитекти, компјутерски експерти и административци, но и уметници, доктори и учители. Затоа, јасна дефиниција за средната класа не постои.

Ориентир бил просечниот приход. Тој го дели населението на две еднакви по големина групи со поголеми, односно помали примања. Актуелното истражување ги вбројува во средната класа сите оние кои имаат меѓу 70 и 150 проценти од просечниот приход. За семејство од четири члена тоа е сума меѓу 2.400 и 5.000 евра.

Влезот во средната класа речиси невозможен

Symbolbild Mittelschicht Familie Einkauf

Едно четиричлено семејство од средната класа месечно за трошење има на располагање меѓу 2.400 и 5.000 евра

Како порестриктивен критериум истражувањето го зема в предвид образованието и кариерата, објаснува Олаф Грох-Замберг, професор по социологија на Универзитетот Бремен и еден од авторите на истражувањето.

„Распределбата на приходите во Германија се поларизира и има се’ помалку можности за влез од пониските класи во средната класа“, објаснува професорот Олаф Грох-Замберг.

Овој феномен професорот го опишува како драматичен, бидејќи тој може да има негативно влијание на општествениот живот и може да ги заостри социјалните конфликти на интерес. Освен тоа, средната класа е во опаѓање – од 65 проценти пред 15 години на 58 проценти сега.

Stefan Hradil Uni Mainz

Штефан Храдил, професор по социологија на Универзитетот Мајнц

Слично на развојот гледа и професорот по социологија Штефан Храдил од Универзитетот Мајнц, но во исто време предупредува и на преголемо драматизирање, бидејќи не се работи само за отпаѓање во пониските социјални слоеви на членовите на средната класа.

„Многумина се искачија. Дел од средната класа има и одлични шанси да ја надмине средната класа. Исто така, доколку средната класа се намали, тогаш тоа не е само дел од лоша вест, туку исто така е дел од добра вест“, објаснува Храдил за Дојче веле.

Средната калса обезбедува сигурност

Професорот додава и „дека доколку дел од средната класа западне во проблеми, тогаш може и да се радикализира на изборите“. Тој како пример го наведува протестното движење во Франција во 50-тите години на минатиот век, кога демонстрираа малите занаетчии и трговци, а кое штo стана модел за десничарскиот Национален фронт. Социологот нагласува и дека тонењето на средната класа за време на светската економска криза во 20-те години на минатиот век одигра улога и при подемот на национал-социјализмот.

Symbolbild Mittelschicht Eigenheim

Куќа, градина и автомобил - многу членови од средната класа се плашат дека ќе го загубат тоа

А, според последното истражување повеќе од половина од Германците припаѓаат во средната класа, а со тоа Германија, споредено во меѓународни рамки, стои добро.Во многу други земји приходите изледаат многу полошо, а тоа може да се прочита од објективно мерливи критериуми, вели социологот Штефан Храдил.

„Колку социјалната нееднаквост е поголема, толку повеќе треба да се справувате со криминални и останати проблеми“, објаснува тој.