1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Германската помош сигурна до 2015

Во Македонија ГТЗ е синоним за германската помош и техничка соработка. Од годинава, името и структурите се сменети - Германско друштво за меѓународна соработка - ГИЗ.Но, идејата да и се помогне на Македонија остана иста!

default

Ново лого и структури на некогашниот ГТЗ

„По задача на германската влада и натаму во наредниве години ќе ја поддржуваме Македонија. Се подразбира дека кога Македонија повеќе ќе се доближи до ЕУ - ќе ги користи инструментите за поддршка кои Унијата ги има за своите членки. Но, до тогаш, односно во наредниве години, најрано до 2015, германската влада преку ГИЗ (Германско друштво за меѓународна соработка) ќе биде присутна во Македонија “, изјави за македонската програма на Дојче Веле Улрике Ганцер-Зомер директорка на бирото за Македонија на ГИЗ. Таа потсети дека од 1994 година до сега германската поддршка за Македонија изнесувала околу 100 милиони евра. Соработката продолжува и годинава.

Ulrike Gantzer

Улрике Ганцер-Зомер: два млиони евра за Македонија во 2011 година

Акцент на два глобални сектора

За проектите во Македонија во тековнава 2011 се планираат околу 2 милиони евра. Средствата за поддршка, како што објаснува Ганцер-Зомер се насочени главно во два големи сектори. Едниот е регионалниот развој. Ова значи експертите на ГИЗ ќе ја советуваат владата и комуните околу законодавството, структурата на институциите, инструментите за повлекување на средствата, со што животните услови во главниот град и останатите региони ќе се доближат. Со други зборови ќе се обезбеди рамномерен регионален развој и во деловите од земјата кои се посиромашни.

Вториот голем сектор е промоција на инвцестициите и извозот. Со оглед на економската криза, токму во Македонија се концентриравме на гранките: развој на софтверот, текстилната конфекциска индустрија и производство на автомобилски делови. Заедно со приватното стопанство и владата приднесовме на пример за изработка на извозна стратегија за софтвер, која во меѓувреме е имплементирана и македонската софтвер индустрија е на многу успешен пат“, вели Ганцер-Зомер, надополнувајќи дека е нормално едни проекти да се финализираат, а нови да стартуваат.

Google-Zentrale mit Solarzellen-Dach

Германски ноу-хау за обновливите енергии во регионот и во Македонија

Адаптирање на ЕУ регулативата

Меѓу проектите кои успешно завршиле секако се оние од областа на аграрот, кои биле насочени кон негово прилагодување на европската регулатива и стандарди. Инаку, се’ уште се во тек и други проекти кои се во функција на доближување на Македонија кон ЕУ. Ваков пример е советувањето на владата во формулирањето на новиот закон за данок на додадена вредност, што ќе биде во согласност со европската регулатива. Или, воведувањето европски технички стандарди во македонското правосудство. Со реформирањето на економските закони, пак, германската поддршка треба да придонесе и за подобрување на инвестиционата клима во земјата. Со оглед на тоа што енергетиката, односно обновливите извори се топ-тема во Европа, прашуваме: ќе има ли германска поддршка и за оваа област во Македонија?

„И во оваа насока може нешто да се направи! И тоа од еден регионален проект, таканаречената иницијатива на главните градови. Тука Загреб е водечки, но и Скопје е многу активно. Идеја е методите за енергетска ефикасност да се имплементираат во општините на град Скопје. Станува збор за регионална размена меѓу главните градови од Југоисточна Европа. Германски партнер за ноу-хау сознанијата е Фрајбург “, дополни Улрике Ганцер-Зомер, според која целта на германската поддршка е македонската економија да може да се интегрира на европскиот пазар, со што ќе се подобрат и животните услови на граѓаните во земјата.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Горан Чутаноски