1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Германската мировна книжевна награда за Фридлендер

*

Израелскиот историчар и изучувач на Холокаустот Саул Фридлендер е годинешен добитник на мировната награда на германските книгоиздаватели. Како што денеска соопшти здружението на книгоиздавателите признанието дотирано со 25 илјади евра ќе му биде официјално врачено на Фридлендер на 14 октомври годинава во Франкфурт. Мировната награда на германските книгоиздаватели се доделува од 1950 година наваму.