1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германската конјунктура се опоравува

Покачувањето на цените на нафтата за сега не претставува опасност за опоравувањето на германското стопанство, оцени денеска во Франкфурт на Мајна шефот на германската Централна банка Аксел Вебер. Таквиот развој на цените на светските пазари носи соодветен ризик, но не го доведува под прашање постепеното заживување на конјунктурата, нагласи Вебер на средбата со новинарите.

За подобрувањето на состојбата во германското стопанство помага силниот пораст на извозот. Посебна предност за германските претпријатија е зголемената побарувачка по производи од инвестиционен карактер, како и новиот процут на светската трговија, нагласи шефот на Бундесбанката Аксел Вебер:

“Пресметано на целата година сегашното темпо на експанзија изнесува 1,75%. Од таа гледна точка за прва пат по подолго време не бележиме опаѓање на користењето на вкупниот стопански капацитет. Продолженото циклично опоравување го потврдува општото очекување дека германското стопанство може да се одвоји од линијата на стагнација. На кусо кажано, го надминавме најлошото, но се уште не сме на сигурно!“ - оцени новиот шеф на германската Централна банка, Аксел Вебер.