1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германската канцеларка Меркел на разговори во Кина

Сојузната канцеларка Ангела Меркел во Пекинг уште еднаш апелираше до Иран да ја обнови довербата во меѓународната заедница во однос на неговата атомска политика. Сојзуна Република Германија и Кина се единствени и дека проблемот би морал да биде решен по дипломатски пат, рече германската канцеларка Меркел по разговорите со кинескиот претседател Ху Џинтао.

Ангела Меркел и Ху Џинтао

Ангела Меркел и Ху Џинтао

Се чини дека ова беше успешна посета на германската канцеларка во Кина. Сеедно дали на средбата утринава со кинескиот премиер Вен Џиабао и нешто подоцна на средбата со претседателот на Кiна Ху Џинтао. Канцерката додушша изгледаше малку уморна но задоволна „Тоа беше многу конструктивен разговор, во кој од една страна улога играа нашите билатерални односи но од друга страна меѓународните конфликти. Темелно разговаравме за односите со Иран. Кина и Сојузна Република Германија се на мислење дека конфликтот би требало да се реши по дипломатски пат, дека Иран не смее да дојде во посед на атомско оружје и дека Иран мора одново да воспостави доверба со меѓунардоната заедница.“

Заеднички, истакна Меркел при средбата со кинескиот преседател и двете земји ќе работат да ги остварат овие цели. За германската канцеларка од големо значење за продлабочување на односите претставуваат и човековите права. „Мислам дека за темата човекови права заеднички ќе разговараме и на наредните средби. Отвореноста да се разговара за оваа тема е се поголема, но се разбира има различни оцени. Но важно е тие да не се поттурнат под маса туку отворено да се говори за нив.“

Меркел со кинескиот претседател разговараше и за темата интелектуална сопственост. На оваа тема германската канцеларка утринава разговараше и со кинескиот премиер Вен Џиабао по што тој истакна „Кина сака да воведе напредна технологија од Германија, а ние свечено ветуваме дека ќе ја штитиме интелектуалната сопственост.“

Од овој развој во Кина се жалат и странските претприемачи. Само во софтверската област се порценуваат 90 проценти од производите како фалсификати. Се копира се‘ од пенкала до вијагра таблети, облека но и комплицирано изградени машини. Хајнрих фон Пирер, претседател на одборот на гермаснкиоит азиско – пацифички форум „ Кај интелектуалната сопственост постојат закони и тие да се применуваат е суштествено. Ако на Кинезите им се укаже на прекршување на законите тогаш ќе го запрат прозиводството. Но земјата е голема.“

Куорупцијата цвета, а она што централаната влада го издава во провинциите не се придржуваат до него. Фон Пирер сепак самоуверено гледа во иднината „Севкупно верувам, дека во оваа област ќе напредуваме бидејќи и Кинезите самите сакаат да се заштитат.“