1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германската железница се подготвува за Светското фудбалско првенство

Германската железница, која во поселдниве години мака мачи со финансиите, за време на првенството има намера да покаже дека е добро средство за патување и со тоа да привлече што е поголем број патници. Ќе бидат воведени вонредни возови, специјални билети и ќе има поврзници со локалниот сообраќај и авио-превозот.

Фудбалската маскота во воз на германската железница

Фудбалската маскота во воз на германската железница

Кога германската фудбалска репрезентација во 1954 година во Швајцарија за прв пат стана светски првак во Германија се врати со воз. Тоа беше триумфално возење со железница на тогашните фудбалски херои. Илјадници луѓе стоеа долж пругата и ги поздравуваа своите миленици, кои им отпоздравуваа од возот. На крај на станицата во Минхен беше приреден величествена прослава.

Денес, германската железница сака да го искористи светското фудбалско првенство за да ги докаже своите можности, што би и била најдобра препорака за планираното скорешно излегување на берзата. Цел на железницата е со свои возови, за време на светското фудбалско првенство да превезе околу пет милиони навивачи. И, за тоа добро се опреми. Директорот на германската железница, Хартмут Медорн, вели:

“Јас мислам дека железницата и фудбалот си одговараат. Многумина ќе видат што можеме да направиме и повторно ќе ни дојдат како муштерии. Во градовите во кои ќе се играат натпреварите од светското фудбалско првенство ги реконструиравме и модернизиравме железничките станици и тие сега изгледаат добро. Во кругот што се состои од фудбал, навивачи,луѓе во земјата и гости од цел свет, ние играме важна улога, а тоа го правиме со големо задоволство“, вели Медорн.

Германската железница за време на првенството ќе воведе 250 вонредни возови. Изградени се и нови пруги, да речеме растојанието од 600 километри меѓу Берлин и Минхен, со возот Интерсити ќе може да се мине за нешто помалку од 6 часа. Прегледната понуда на карти за премвоз ќе им помогне на патниците да се снајдат подобро. Инаку, специјалните карти за превоз на навивачите со железница чинат 54,74 и 90, што има врска и со тоа што Германија била светски првак во фудбал во 1954-та, 74-та и 90-та година.

Карл Фридрих Рауш, кој во германската железница е задолжен за превоз на патници, вели:

“Опфаќањето на локалниот сообраќај со нашата карта за Светското фудбалско првенство е нешто посебно што го нудиме. Значи, секој патник кој е сместен во хотел во соседен град од оној кад ешто се игра натпреварот за кој има влезница, автоматски добива и бесплатен превоз во локалниот сообраќај, така што може комотно да стигне до хотелот и до стадионот. Ние, исто така ги поврзавме нашите билети и со воздушниот сообраќај, што ќе им го олесни патувањето на оние што доаѓаат од странство. Во текот на возењето на патниците ќе им даваме информации на повеќе странски јазици, за да им помогнеме на оние кои не зборуваат германски“, нагласува Рауш.

Некои репрезентации, како бразил и Мексико, имаат изнајмено цели Интерсити композиции да комплетните пропратни служби на тие екипи и опремата да можат да стигнат без проблем до определени стадиони. Дали огромниот финансиски ангжамн на германската железница на крајот и ќе се исплати, ќе покаже времето. Но, шефот на железницата Медорн, вели дека тоа не е во преден план:

“Нам сега не ни е до максимирање на профитот, туку до тоа да добиеме што е можно повеќе симпатии и се разбира патници. Тоа не може да се измери со вага, туку мора да се посматра како сето тоа ќе се одвива“.