1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германската економија и натаму е движечка сила во ЕУ

Последните економски податоци покажуваат дека конјуктурниот развој е причина за десет милијарди помалку задолжувања од претходно планираните во минатата година.

Пер Штајнбрик

Пер Штајнбрик

Германскиот министер за економија Пер Штајнбрик во Берлин изјави дека нивото на задолженост во моментов изнесува 27,9 милијарди евра. За прв пат по пет години буџетскиот дефицит во Германија е под границата од 3% утврден со пакот за стабилност. Тој изнесува 1,9%. Штајнбрик е задоволен

„ Мислам дека економските бројки се многу подобри од оние кои ги проектиравме на почетокот на минатата година. Повеќето партнери од ЕУ стравуваа за германскиот буџетски дефицит. Пресметките на многумина од нив прогнозираа дефицит од 3.1 или 3% во 2006. Дефицитот од 1,9% е многу добар показател дека Германската економија повторно е локомотива на ЕУ„ рече Штајнбрик