1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германската економија во рецесија од 5 проценти

Голем пад и длабока рецесија од цели 5 проценти забележала германската економија во изминатата 2009 година, соопшти Државниот завод за статистика. Тоа е најголем пад од Втората светска војна досега.

default

Германската економија минатата година забележала пад од 5 проценти, што е најдлабока рецесија во земјата од Втората светска војна наваму. Сепак, бројките кои ги објави државниот завод за статистика, покажуваат дека има причина за оптимизам. По порастот од 1,3 проценти во 2008 година, Централната банка прогнозира раст од 1,6 отсто во претстојната 2010 година, и 1,2 проценти во 2011 година. Саниран е и проблемот со јавниот дефицит, кој во 2009 изнесувал 3,2 проценти.

Откако доживеаја голем пад во првите три месеци од 2009 година, економските активности во вториот квартал од годината се вратија во нормала, благодарение, пред се‘, на владините стимулативни мерки.

30.12.2009 DW-TV JOURNAL WIRTSCHAFT MINIREPORTAGE Boutique

Германската економија е зависна од јавната потрошувачка и извозот

Најголемата европска економија, која е извозно ориентирана, беше погодена од глобалните економски проблеми, но според аналитичарите, сега може и да профитира од растечките пазари кои бараат се‘ повеќе капитални добра како машински алатки и хемикалии кои се користат за производство на финални продукти.

Приватните финансиски аналитичари предвидуваат и поголем раст на германската економија во наредните две години, меѓу 2 и 3 проценти на годишно ниво, врз основа на очекуваниот пораст на извозот. Но, кај државните органи преовладува стравот дека економскиот раст би можел да биде ограничен поради можната зголемена невработеност, која би ја намалила јавната потрошувачка. Просечната невработеност во Германија во 2009 година изнесуваше 3,4 милиони, или 8,2 проценти од работоспособното население, но прогнозите се дека таа ќе порасне до 4,2 милиони во 2011 година.

Автор: БГ/СН/афп/дпа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска