1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Германската „голема коалиција“ би била добра за Европа

Аналитичарите сметаат дека Германија ќе има помеки ставови кон своите европски партнери,притоа и понатаму инсистирајќи на реформи како против тежа за спасувачките пакети за земјите погодени од кризата

На изборите во неделата (22.09), германската канцеларка Меркел и нејзината партија ЦДУ/ЦСУ остварија најголема победа во последните дваесет и три години, освојувајќи 41,5% од гласовите, што не е далеку од апсолутно мнозинство.

Меркел сега може да започне со „пазарењето“ околу тоа кој ќе и биде партнер во новата влада на најголемата економска сила во Европа. Се чини дека „Големата коалиција“ со социјалдемократите (СПД), нешто што беше случај со владеењето на Меркел и во периодот од 2005 до 2009 година, е најверојатниот исход. Аналитичарите сметаат дека ваквата коалиција нема да предизвика големи промени во политиката, особено кон Европа. Напротив, тоа што централно-лева и централно-десна партија ќе коалицираат може да го донесе толку очекуваниот напредок во европските интеграции, велат аналитичарите.

Bundestagswahl Peer Steinbrück Angela Merkel Elefantenrunde

Ќе се формира ли „голема коалиција“?

„Повеќето Германци според анкетите, сакаат голема коалиција водена од Меркел“, вели Холгер Шмидинг директор на Беренберг банката. „Промената на политиката ќе биде мала, со речиси никаков ефект на европско ниво мало наслонување кон централно-левичарските политики на домашен терен“, додава тој.

„Во целина, резултатите од изборите треба да се сметаат како позитивни, затоа што Големата коалиција би имала големо мнозинство во двата дома на парламентот“, велат аналитичарите од „Сити груп“ во анализата за инвеститори.

Поконструктивно кон Европа

Андреас Реес економист во „Уни-кредит“ вели: „Обновената голема коалиција ќе продолжи да генерира пријателски европски курс, тоа би било случај дури и ако новата влада е само малку поконструктивна кон Европа. Дури и покрај тоа што неодамна основаната партија Алијанса за Германија која е против еврото, освои 4,7% од гласовите, што сепак не беше доволни таа да влезе во Бундестагот, повеќето Германци се сѐ уште целосно посветени на европската кауза“.

„Продолжувањето на пријателски настроените програми за Европа, сега по изборите многу ќе придонесе за европската интеграција“, вели тој.

Жил Моек, потпретседателот на одделот за Европско економско истражување при Дојче банк, вели: „Како што полека се движиме кон сѐ поверојатна ЦДУ - СПД коалиција, а ако се има предвид дека долниот дом на парламентот Бундесратот е под контрола на централно-левите сили, сѐ по веројатно е дека Германија нема да се збогува со реформираната социјално-пазарна економија која беше наследена од Шредер (поранешен канцелар од СПД) и поранешните влади на Меркел“.

Моек додава: „Германскиот одговор на кризата во Европа и досега беше во голема мера менаџиран во соработка со СПД, поради што Меркел се соочуваше со критики од сопартијците и од коалицискиот партнер, либералите, кои пак сакаа поцврсти мерки“.

„Во коалиција ваквиот принцип на менаџирање на одговорот ќе стане по формален, но пораката од Берлин до Европа тешко дека ќе се промени“, додава тој.

TV-Duell Kanzlerin Angela Merkel gegen Spitzenkandidat Peer Steinbrück

„Големата коалиција“ ќе донесе „помека“ Германија сметаат аналитичарите

Томас Харјес од Барклајс смета дека ќе помине некое време додека Меркел се договори со СПД. Во 2005 година преговорите траеа два месеци.

Тој додава: „Фактот што Меркел освои 42% од гласовите наспроти 26% на СПД, што ја прави посилен партнер во можна коалиција, но СПД сепак може да инсистира на имплементација на некои за нив, клучни политики“.

Кога се однесува на политиката на домашната сцена, тоа би можело да биде минималната плата, поголем данок на добивка за да се финансираат поголемите трошоци во образованието и инвестициите и построга регулатива, особено за финасискиот сектор. На европско ниво не се очекуваат поголеми промени, додава тој.

Шмидинг верува дека политика на Берлин кон Европа ќе остане непроменета, со никаков напредок кон евро-обврзници или делење на долгот. Карстен Брзески од ИНГ ДиБа исто така верува дека политика кон Европа нема да се промени, може само да се очекува омекнување на тонот. Тој додава: „Не треба да се очекуваат евро-обврзниците и нивното излегување, но ќе има помек тон кон партнерите, а можеби и прикриено поделува на товарот како резултат на коалицијата. Дури постои можност за некаков вид на фонд за спасување, фонд за еврозоната и банките, а можеби и некој план за продлабочена евро-интеграција“.

Аналитичарите на Сити груп предупредуваат дека преговорите за коалиција може да ги погодат пазарите доколку се развлечат премногу долго.

„Големата коалиција, може да стане и неодржлива на долгорочен план, затоа што од СПД ќе бидат внимателни на таа тема, тие во периодот од 2005 до 2009 година изгубија голем број гласачи затоа што коалицираа со Меркел“, велат аналитичарите.