1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германската влада не се откажува од притисок врз Украина

Германија не сака да ги намали барањата до Украина за решавање на случајот на опозионата политичарка Јулија Тимошенко. Тоа, како што се вели, се прави за нормализација на односите меѓу власта и опозицијата во Украина.

Ваквата позиција ја изнесе министерот за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих за „Билд ам Зонтаг“, додавајќи дека ги поздравува заканите за бојкот на европското фудбалско првенство што треба да се одржи во Украина.

Официјален Киев знае дека Европа ја набљудува источноевропската земја. Но, досега заканите не вродија со плод. Шефот на пратеничката група на СПД Франк-Валтер Штајнмајер е против бојкот на фудбалското првенство. Спортскиот натпревар не треба да се става во служба на политиката, смета тој.

Во меѓувреме, украинскиот премиер Микола Азаров побара од Западот да не ги зема без критика извештаите за злоставувања на Тимошенко. Инаку, украинскиот главен обвинител Виктор Пшонка, денеска (05.05) треба да ги објави резултатите од официјалната истрага за обвинувањата дека опозиционата лидерка Јулија Тимошенко била тепана во затворот.