1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германската влада ги повредила правата на Бундестагот

Германската влада во преговорите околу постојаниот чадор за спас на еврото, ЕСМ, недоволно го информирала парламентот, оцени Уставниот суд во Карлсруе.

Германската влада ги повредила правата на Бундестгот за претходно доволно информирање и при преговорите околу пактот за координирање на економската политика во европски рамки, гласи одлуката на Уставниот суд од Карлсруе, објавена денеска (19.06). Решението на судиите нема директно влијание врз спроведувањето на одлуките за спас на еврото. Но, одлуката на Уставниот суд ја обврзува владата во иднина подобро да го информира парламентот. Решението е „натамошен камен темелник во редицата решенија на уставниот суд за зајакнување на парламентарната одговорност во рамките на европската интеграција“, изјави претседателот на Судот, Андреас Фоскуле.

Тужба против Владата пред Уставниот суд поднесе пратеничката група на Зелените, поради тоа што, според нејзино гледање, предоцна била информирана за меѓународните преговори околу чадорот за спас ЕСМ и не можела да влијае врз неговиот облик.

ЖА/дпа