1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Германките убедливо најдобри светски бијатлонки

На светското првенство во бијатлон во шведскиот град Остерсунд, германските репрезентативци во обете конкуренции освоија најмногу медали: 5 златни, еден сребрен и 3 бронзени.

default

Ем знаат, ем можат, иако бијатлонот е исцрпувачка дисциплина

Германските натпреаврувачки во штафетата 4 пати по 6 километри убедливо застанаа на пиедесталот: Мартина Глагов, Андреа Хенкел, Магдалена Нојнер и Кати Вилхелм трката ја завршија со преку 30 секунди предност пред второпласираните Украинки. Трет беше квартетот од Франција. Младата Нојнер, која зедно со колешките се најде во анонимната пријава за употреба на допинг, по трката изјави:

„Јас само реков дека никој не може да очкеува повторно да бидам тројна светска првенка. Сепак станав„!

Во врска со анонимната пријава за допинг, членот на машката репрезентација Михаел Реш изјави:

„Станува збор за кукавчика акција на поединци, а ние како тим можеме да го направиме само она што ќе ја потврди нашата невиност„.

Во потврда на моќта на германските бијатлонци е и светската титула за младата Нојнер која во саботата победи во масовниот старт. И покрај четирите казнени рунди поради промашувањата на стрелиштето, таа по 12 ипол километри стигна прва на целта, пред норвежанката Бергер и русинката Јурјева. Тренерот на женската екипа Уве Мисиганг:

„Она што го покажа Нојнер не може да се постигне само со тренинг. Таа работеше совесно и денеска спроведе се што договоривме„.