1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Германките супериорни во Финска

Германска женска фудбалска репрезентација ги зацврсти амбициите за одбрана на титулата првак на Европа со вториот најдобар биланс во првата рунда во историјата на европските шампионати.

default

Германките во Финска досега прославуваа на ваков начин дури десет пати

На Европското првенство, кое во моментов се одржува вo Финска, Германките, кои во првите два натпревари во групата Б славеа убедливи победи против Норвешка со 4:0 и Франција со 5:1, вчера ја победија и репрезентацијата на Исланд со минимални 1:0 .

Со Б-тим и со многу мака против аутсајдерот Исланд

Против аутсајдерот настапи Б-тимот на германската репрезентација, кој меѓутоа во долги периоди од мечот прикажа разочарувачка игра. Сепак на крајот избраничките на тренерот Силвија Најд успеја со големи напори да стигне до победа против „џуџето“ во женскиот фудбал, чија екипа играше компактно во одбраната.

Frauenfußball EM 2009 Finnland

Главни фаворитки за титулата

Победничкиот гол за шесткратниот европски првак, пред 3101 гледач на стадионот во Тампере го постигна Инка Грингс, која влезе како замена на натпреварот. И таа по мечот говореше за разочарувачки настап на германската репрезентација:

„Тешко е кога многу се ротира, кога знаеш дека си минал во натамошните натпреварувања, и кога имаш противник кој нема што да загуби. Но, во секој случај, не смее вака да се презентираш“, истакна Грингс.

Кој ќе биде противникот во четврт-финалето

Германија денеска треба да го дознае противникот во четврт-финалето на ЕП. Од 18 часот започнуваат натпреварите од групата Ц , во кои ќе падне одлуката за првите две места на табелата. Германките играат против второпласираната репрезентација во оваа група, во која во моментов води Шведска. Таа веќе е квалификувана за четвртфиналето, но би можела да падне на второт место, доколку загуби од Англија. На второто место во моментов е Италија, која денеска игра против Русија, која, пак, досега нема освено ниту бод.

Автор: СН/ ТТ/дв/дпа

Редактор: Жана Ацеска