1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Германките во финале!

Со победа од 3 спрема 1 против Норвешка германската женска фудбалска репрезентација се пласира во финалето на Европското првенство во Финска. На почетокот не изгледаше дека бранителките на титулата ќе постигнат успех.

default

На чекор до титулата

Норвежанките поведоа со 1 спрема нула преку голот на Изабел Херловсен во десеттата минута. Тренерот на германската репрезентација, Силвија Најд, меѓутоа, кратко пред паузата и почетокот на втората половина, во игра внесе три нови играчи и сите постигнаа по еден гол. На Симоне Лаудер и‘ успеа да изедначи во 59-та минута:

„Ние сме силен тим. Се случува да се одигра слабо полувреме, човек да има лош ден. Но, мислам дека токму во таква ситуација е важно да се однесуваме како тим. А ние сакаме да одиме во финалето, тоа е наша цел уште од подготовките, за тоа се боревме толку. Затоа и заслужено го добивме натпреварот, иако во првото полувреме не одеше најдобро.“

Fußball Europameisterschaft der Frauen 2009 Deutschland - Norwegen

Пресврт во второто полувреме

Селија Окојино да Мбаби во 61-та минута го постигна вториот гол за Германките и ги доведе во водство од 2 спрема 1. Фатмире Бајмарај во продолжението целосно ја разјасни ситуацијата со голот и резултатот од 3 спрема 1. Победата беше извојувана благодарение на второ полувреме. Што им кажа на фудбалерките сојузниот тренер Најд на паузата?

„Само укажав на тоа дека мораме да играме подобро, да одиме повеќе напред. Но, во второто полувреме се подобривме.“

Ако германскиот тим в четврток, во финалето во Хелсинки, успее да одигра против Англија исто толку решително како во вторите 45 минути против Норвешка, има добри шанси да ја одбрани титулата. Можеби тогаш не пред речиси празни трибини. На полуфиналето, на стадионот беа присутни само околу 2700 гледачи.

Автор: Штефан Нестлер/ Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска