1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Германија ќе регистрира и трет пол

Германија станува првата европска земја во која ќе биде дозволено, бебињата родени со карактеристики на двата пола, да бидат регистрирани ниту како машки, ниту како девојчиња.

default

На родителите ќе им биде оставена можноста да го остават непополнет прашалникот за полот на детето во изводите, со што во пракса ќе биде воведена категоријата на неопределен пол во јавниот регистар.

„Ова ќе биде првпат законот да признае дека постојат човечки суштества кои не се ни машки, ниту женски, или се обете- луѓе кои не припаѓаат на ниту една од традционалните законски категории“, објаснува професорката по право на Универзитетот во Берлин, Констанц Плет.

Со промената се намалува притисокот врз родителите да донесат брза одлука за евентуална операција на промена на полот на новороденчињата.

Законот стапува во сила на 1. ноември, но остава неодговорени бројни прашања, како на пример, како ќе живеат луѓето без определен пол?

Во германските пасоши во моментов машкиот пол се означува со „М“, а женскиот со „Ф“, но наскоро ќе биде дозволено и „Х“ за оние кои немаат дефинитивно определен пол, вели портпарол на министерството за внатрешни работи.

Според професор Плет, ќе треба да се менуваат правилата и за други лични документи.

Да се спречи дискриминацијата

Но законот не е во можност да ги регулира сите проблеми кои ќе се јават со појавата на третиот пол. Во секојдневниот живот, со проблеми ќе се соочат и

Australien Regenbogenfahne bei Schwulenparade

Интерсексуалци на годинешната ЛГБТИ парада во Сиднеј, Австралија

децата во училиштата, каде на пример има тоалети за машки или за девојчиња, или се определуваат различни спортски активности за припадниците на двата пола.

Европа генерално заостанува по ова прашање. Во Австралија, на почетокот на годинава, на поединци им беше дозволено да се идентификуваат како „интерсексуални“ на личните документи, но притоа, половиот идентитет беше воведен како заштитена категорија, согласно тамошните анти-дискриминациски закони.

Според проценките на експертите, на лица со интерсексуален пол отпаѓа едно на 1.500 до 2.000 новороденчиња. Но правници велат дека бројката е далеку повисока, пред сѐ поради потешкотиите да се утврди интерсексуалноста физички или хормонално.

Со новиот закон се зголеми вниманието за оваа мала група луѓе, што доведува до поголема свест за состојбата, но многумина стравуваат дека би можело да доведе и до поголема дискриминација за тие луѓе.

Неопходно е родителите, учителите и лекарите да бидат едуцирани за животот на интерсексуалните лица“, вели Луси Вајт, која предводи група за поддршка на интерсексуалните лица во Германија.

„Владата мора да преземе мерки за да осигура дека децата нема да бидат дискриминирани поради новиот закон“.