1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Германија ќе признае независно Косово?

*

Германија, според извори блиски до владата, е подготвена да признае еднострано прогласена независност на Косово, доколку сегашните преговори не донесат резултат.

Претставникот на ЕУ во „тројката“ за Косово, германскиот дипломат Волфганг Ишингер, искажа скепса во однос на изгледите за постигнување успех во преговорите за идниот статус на Косово. Во интервју за Дојче Веле тој ја стави под прашање политичката волја на Белград и Приштина за постигнување решение. Ишингер смета дека на обете страни во конфликтот треба да им се даде перспектива за можно идно членство во ЕУ.