1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Германија ќе инсистира на строги критериуми за членство во ЕУ

Владеењето на правото ќе биде од суштинско значење за земјите кои сакаат да се приклучат кон ЕУ, изјави германскиот политичар Мекалистер во Скопје. Условите се заоструваат

Германија е заинтересирана во делот на проширувањето земјите од Западен Балкан да имаат јасна перспектива за пристапување во ЕУ. Но, ќе инсистира на правилото секоја земја да ги исполни сите критериуми за членство. Мора да учиме од грешките направени со Романија и Бугарија и проширувањето во 2007 година.

Ова го истакна Дејвид Мекалистер (на фотографијата), кандидат за пратеник во Европскиот парламент и поранешен премиер на покраината Долна Саксонија од редовите на германската ЦДУ на трибина која денеска се одржа во Скопје.

- Ние Германците сме особено заинтересирани за стабилна ситуација во целиот Балкан. Сметам дека Македонија и останатите земји добро ќе се снајдат со поддршка на ЕУ, а владеењето на правото ќе биде од суштинско значење во сите фази од пристапниот процес, рече Мекалистер.

Тој појасни дека тоа ќе биде ставот на новата Влада, која очекува пред Божик да биде избрана и да ја предводи Ангела Меркел, а во чиј коалиционен договор напишан на 175 страници се споменува и Западен Балкан во делот на надворешната политика.

И амбасадорот на ЕУ Аиво Орав истакна дека процесот на пристапување во ЕУ денес е многу построг и пообемен од порано, поради научените лекции од минатото. Критериумите од Копенхаген се многу важни бидејќи ги претставуваат клучните вредности врз кои ЕУ е основана, а меѓу нив е и владеење на правото, како и демократијата и почитување на основните права. Според Орав, во Стратегијата на ЕК за проширување објавена со извештаите за напредокот на земјите кандидати и потенцијални кандидати јасно е посочено дека владеењето на правото е во срцето на проширувањето. Тоа значи, вели, дека државите треба да се справат со прашањата во поглед на реформата во судството и борбата против организираниот криминал и корупцијата во раниот период од пристапните преговори.

Поврзана содржина