1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германија ќе им даде пари на жртвите од Кундус

По долги консултации со племенските лидери и авганистанските групи за човекови права, Германија се согласи да им исплати компензација на жртвите од воздушниот напад во регионот на Кундус, што се случи во септември 2009.

default

Најголем дел од жртвите во Кундус беа цивили

По повеќемесечни преговори, германската влада се согласи да им исплати сума од околу 3.800 евра на семејствата на загинатите во нападот во Кундус, за кој наредба даде германски командант, а во кој загинаа над сто цивили. Адвокатите на жртвите бараа далеку поголема отштета, во некои случаи и до 28 илјади евра по семејство. За да се избегнат правни проблеми, компензацијата официјално е претставена како хуманитарна помош.

Портпарол на германското министерство за одбрана

Opfer des Luftangriffs in Kunduz

Жртвите бараат повеќе пари

соопшти дека независен локален медијатор се сретнал со племенските старешини за да се утврдат семејствата на загинатите во нападот, како и 11-темина кои беа тешко повредени во нападот.

Задоцнета отштета, велат жртвите

Според официјалниот извештај на НАТО командата во Авганистан, во воздушниот напад од септември минатата година, кој го наредил германски командант врз две цистерни со гориво киднапирани од талибанците во регионот на Кундус, загинале или биле тешко повредени 142 лица. Најголемиот дел од нив цивили.

„Отштетата е задоцнета“, изјави Бернхард Доке, адвокат на жртвите. „Срамно е што беше потребно толку време за таа да се договори“. Доке оценува дека износот од 5 илјади долари не е адекватен, и планира и натаму да преговара со германските власти за негово зголемување.

Министерството за одбрана треба да ги исплати парите до крајот на август годинава. Целата сума се очекува да биде околу 500 илјади долари.

Автор: Мартин Кублер / Борис Георгиевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM