Германија ќе ги заостри безбедносните закони? | Вести | DW | 31.03.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Германија ќе ги заостри безбедносните закони?

Германската влада најави решително постапување против сторители на кривични дела од екстремистички побуди. Натамошно ќе бидат интензивирани мерките против екстремизмот, непријателството спрема странците и нетолеранцијата, рече сојузниот министер за вантрешни работи Волфганг Шојбле. Германски весници пишуваат дека Шојбле имал намера да предложи заострување на безбедносните закони.

Според податоците што ги изнесе министерот, политички мотивираниот криминал лани бил за десет проценти повисок отколку една година пред тоа и достигнал вкупно 29 илјади и 50 кривични дела.