1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Германија – штрајкови железница

*

Синдикатите на германските железничари денеска ги продолжија предупредувачките штрајкови спроти најавените преговори. За претпладнево е имено закажана средба на шефот на Германските железници Хартмут Медорн со претседателите на двете синдикални организации. Тие бараат зголемување на платите за 7%. На разговорите не учествуваат претставници на синдикатот на машиновозачите, кои бараат зголемување на платите за 31%. Нивниот претставник Ханс Јоаким Кернхен вака го образложи барањето: „Нето заработувачка од 1.500 евра вклучувајќи работа во смени дење и ноќе, како во недели и празници, па од нас помалку заработуваат само чистачите на улици!„