1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германија увезувала отровна српска пченка

Во германската покраина Долна Саксонија најмалку 3.500 фарми набавиле сточна храна направена од пченка од Србија која била заразена со канцерогениот габичен отров афлатоксин Б1, објави германскиот неделник Шпигл.

Според податоците на германското министерство за земјоделство станува збор за најмалку десет илјади тони сточна храна од заразена пченка која им била продадена на германските сточари.

Германското министерство оцени дека загрозеноста на потрошувачите на млеко и млечни производи е „малку веројатна“ затоа што во млекарите, во млекото наменето за малопродажба не биле пронајдени траги од отровот поголеми од дозволеното. И во однос на месото, не постои ризик за потрошувачите, а сите кои купиле од заразената сточна храна се подложени на строги контроли.

Севкупната пратка со пченка од Србија изнесувала 45 илјади тони. Властите досега успеале да задржат околу 10 илјади тони на пристаништето во Бремен, каде што пристигнала пченката, а уште 25 илјади тони се откриени во магацин во истиот град. Околу 10 илјади тони сепак пристигнале до 13 компании кои произведуваат сточна храна, и таа потоа била дистрибиурана до 3.560 земјоделски фарми во Долна Саксонија и во уште 14 во Северна Рајна Вестфалија.

Дозволената количина на Афлатоксин Б1 во Германија изнесува 0,02 килиграми по килограм, додека во пратката од Србија имало 0,204 милиграми.

Шпигл потсетува дека на Балканот во изминатиот период е актуелната аферата со присуството на афлатоксин во млекото.