1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Германија убедлива, победа на Македонија како гостин

Во пријателски натпревар Германија ја победи Шведска. Успешен старт на Македонија во квалификациите за Европското фудбалско првенство

Двоен стрелец: Мирослав Клозе

Двоен стрелец: Мирослав Клозе

Дебито на Јоахим Лев, како шеф на стручниот штаб на германската репрезентација помина како што само можеше да си посака: во пријателски натпревар синоќа во Гелзенкирхен Германија ја совлада Шведска со 3 спрема 0. Почетокот на германската селекција во првиот настап по светското првенство и под раководство на довчерашниот помошник на Јирген Клинсман, беше фуриозен: веќе во осмата минута беше 2 спрема 0, по головите на Шнајдер во 4-тата и на Клозе. Најдобриот стрелец на светското првенство беше и синоќа расположен – во 44-тата минута Клозе го постигна вториот свој гол на средбата, 31-ви во дресот на репрезентацијата. Во вториот дел, во кој беа извршени повеќе замени и дебитираа Мануел Фридрих од „Мајнц“ и Малик Фати од „Херта“ Берлин, темпото на Германците малку попушти, но тие и натаму беа подобар тим. Германија уште играше и без капитенот Балак, без повредените Мецелдер, Мертесакер и Хут.

По средбата на исполнетиот стадион во Гелзенкирхен, играчите пред се’ беа импресионирани од атмосферата. „Атмосферата овде е фантастична, ние ја пренесовме и овде по светското првенство. Мислам дека едноставно е важно таа еуфорија да се одржи, токму поради фудбалот, поради Германија. Се надевам дека ние повторно го дадовме нашиот удел“ – рече еден од најмладите во тимот Марсел Јанзен. Сличен впечаток има и нешто ппоискусниот Филип Лам: „Не ја задржавме само ние еуфоријата, туку и гледачите исто така. Ова што повторно се случуваше на стадионов е сензационално. Мислам дека одигравме одлично, речиси извонредно прво полувреме“.

Јоахим Лев ги имаше сите причини за задоволство: „Се разбира дека сите се радуваме што првиот натпревар по светското првенство испадна толку позитивен. Мислам дека е ова добар старт и за претстојните квалификации“. Натпреварот токму и беше во функција на подготовките: „Да, тоа беше меѓустаница помеѓу светското- и кавлификациите за европското првенство. Мислам дека веќе за време на светското првенство можеше да се забележи оти тимот полека стана позрел , покомпактен, постабилен. Светското првенство ни даде многу самодоверба, токму на младите играчи, и мислам дека денеска направивме добар почеток за наредните месеци“.

Започнаа и квалификациите за наредното Европско првенство. За Македонија успешно - на гостувањето ја совлада Естонија со 1 спрема 0, во рамките на Б-групата. Во А-групата Белгија и Казахстан одиграа нерешено 0 спрема 0, додека Грузија во средба од Е-групата ги совлада Фарските острови со 6 спрема 0.

Синоќа се одиграа и повеќе пријателски натпревари. Во некои од позанимливите дуели се постигнати следниве резултати:

Италија – Хрватска 0 спрема 2

Чешка – Србија 1 спрема 3

БиХ – Франција 1 спрема 2

Англија – Грција 4 спрема 0

Норвешка – Бразил 1 спрема 1

Данска – Полска 2 спрема 0

Ирска – Холандија 0 спрема 4