1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германија: Три лица тешко повредени во железничка несреќа

Тешка железничка несреќа се случи во близина на градот Диселдорф. Регионален воз удри во товарен воз, кој стоел на шините. Машиновозачот на патничкиот воз успеал да спречи покатастрофален судар.

По судирот на два воза во Мербуш, место близу Диселдорф, германската сојузна полиција повеќепати ги коригираше своите информации за бројот на повредени. Во патничкиот воз сериозно се повредени три патници, соопшти федералната полиција во доцните вечерни часови преку социјалната мрежа за кратки пораки Твитер. Уште 41 лице е полесно повредено.

Според Германската Железница (ДБ), регионалниот експресен воз број  7 со преку 150 патници удрил во товарен воз на ДБ Карго. Зошто товарниот воз имал запрено на својот на пат од Дилинден до Ротердам, не е познато.

Гледај видео 00:33

Судир на возови кај Диселдорф

Во несреќата, предниот вагон на патничкиот воз беше подрастично оштетен, додека другите вагони излетаа од шините или останаа на шините, во голема мерка неоштетени .

„Голем тресок“

Несреќата  според портпаролка на ДБ се случила околу 19.30 часот по локално време во Мербуш-Остерат. Патниците зборуваа за „голем тресок" и нагло сопирање на возот. Очигледно, машиновозачот успеал да ја препознае пречката на шините и да спречи уште потежок судир.

Тој ја употребил рачката за „целосно кочење", изјави Марсел Винтер, портпарол на компанија „Национален експрес", на која ѝ припаѓа регионалниот патнички воз.  Машиновозачот со тоа веројатно си го спасил сопствениот живот, и затоа што успеал навремено да ја напушти кабината непосредно пред судирот.

Бројни пожарникари си го пробија патот до оштетениот патнички воз откако претходно успеаја да воспостават контакт со патниците. Нивното спасување првично беше тешко, меѓутоа, по два часа, првите патници, како и повредениот машиновозач, можеа да го напуштат местото на несреќата.

 

Аудио и видео прилози на оваа тема