1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Германија – терористичка опасност

*

Германскиот министер за внатрешни работи Волфганг Шојбле планира натамошно заострување на законскиот пакет мерки против меѓународниот тероризам. Во него би можело да се содржат и мерки за казнување на симпатизери на терористичките здруженија, како и интернирање лица што потенцијално можат да претставуваат опасност за безбедноста во земјата. Шојбле според најавите во интервју за неделникот “Шпигел“ има намера и понатаму да се бори и за воведување легален претрес на персоналните компјутери преку интернет.