1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Германија – тероризам – истрага

*

Германските служби за безбедност интензивно трагаат по организаторите и помагачите на осуетените терористички напади во земјата. Според државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Аугуст Ханинг, се трага по десетмина исламисти, од кои дел се наоѓаат во Германија, а дел во странство. Тие имаат германска, турска и други националности.

Германскиот министер за внатрешни работи Волфганг Шојбле се изјасни повторно за он лајн истраги,со оглед на тоа што терористите се почесто комуницираат преку интернет.По повеќемесечно следење,вчера беа уапсени двајца Германци и еден Турчин кои планирале напади врз германски и американски објекти.