1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Германија – тероризам – истрага

*

Германските служби за безбедност интензивно трагаат по организаторите и помагачите на осуетените терористички напади во земјата.Според државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Аугуст Ханинг, се трага по десетмина исламисти, кои се наоѓаат делумно во Германија, а делумно во странство. Тие имаат германско, турско и други националности. И по растурањето на терористичката ќелија во покраината Северна Рајна Вестфалија останува опасноста од терористички напади во земјата, нагласуваат експертите за безбедносни прашања.