1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Германија – тероризам – апсења

*

Уапсените лица, осомничени дека подготвувале терористички акти во Германија ,се високи професионалци,соопшти денеска пред новинарите во Берлин министерот за внатрешни работи Волфганг Шојбле.

Германските сили за безбедност вчера уапсија три лица осомничени дека подготвувале бомбашки напади. Цел на атентатите требало да бидат меѓународниот аеродром во Франкфурт на Мајна и американската воена база во Рамштајн. Според непотврдени информации, двајца од уапсените имаат германски пасош, а третото лице е пакистански државјанин.