1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Германија – споменик на обединувањето

*

Германскиот парламент го одобри подигањето споменик за мирната револуција во поранешната Германска Демократска Република што доведе до повторното обединување на земјата. Потпретседателот на Парламентот Волфганг Тирзе при дебатата во Бундестагот порача: „Треба да и‘ подигнеме спомен обележје на нашата историска среќа, за да не заборавиме колку ни е драгоцена и истовремено колку е кршлива слободата, како и единството на земјата.„

Според одлуката на пратениците споменикот треба да биде завршен до 9-ти ноември 2009-та, кога се навршуваат 20 години од историското паѓање на Берлинскиот ѕид. Вчера со повеќе манифестации ширум Германија беа одбележани не само годишнината од паѓањето на Ѕидот, туку и погромот врз Евреите на 9-ти ноември 1938.