1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германија со рекордна заработувачка од извоз на оружје

Со извозот на оружје германските производители во изминатата 2010 година заработиле како никогаш досега, пишува „Шпигел“.

default

Германските подморници се многу барани

Германскиот политички магазин „Шпигел“ се повикува на извештајот за извозот на средства за вооружување, кој германската влада планира да го усвои в среда (30.11.2011). Во него стои дека вкупната вредност на извезеното оружје изнесува околу две милијарди евра. Тоа е раст од речиси 50 проценти во споредба со претходната година. Во 2009 прометот остварен од извоз на оружје изнесувал околу 1,34 милијарди евра.

Најголем дел од извезеното се скапи и високо-технолошки средства за вооружување како подморници, воени бродови и тенкови. Покрај тоа германските производители во претходната година склучиле договори со нарачки од вкупно 5 милијарди евра, пишува весникот. Две третини од германските испораки на оружје одат во земјите-членки на ЕУ или на НАТО. Потоа следува одобрениот извоз на оружје за Африка како и за земјите од Персискиот залив.

Автор:СН/ЖА/шпигел

Редактор: Ж. Ацеска