1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Германија со предупредување до Србија

Германската канцеларка Ангела Меркел, во телефонски разговор го предупреди српскиот премиер Воислав Коштуница дека треба да се направат напори до идната седница да се формира демократска влада и со тоа да се зачува европската перспектива на земјата. Како што пренесува владиниот портпарол Вилхелм, Меркел изразила загриженост и поради изборот на Томислав Николиќ за претседател на српското собрание. Портпаролот на министерството за надворешни работи Мартин Јегер за изборот на Николиќ на прес конференција во Берлин истакна дека овој избор се земаме в предвид со загриженост и тои претседателството апелира до сите реформски ориентирани партии во Белград, да го искористат уставниот рок до 15 мај, со што би осбновале демократска влада.